Живот и Стил

Човекот на кој секоја втора книга му е филмувана, станува ДЈ

Човекот на кој секоја втора книга му е филмувана, станува ДЈ

Познатиот јапонски писател Харуки Мураками (69) е фаворит за Нобелова награда за литература.

Во текот на 55 минути на “Мураками радио” авторот ја пуштал претходно подготвената компилација од неговите омилени песни зборувајќи за тоа како се испреплетени неговата љубов кон музиката, трчањето и пишувањето, и како преку музиката научил да пишува.

Мураками пуштил девет песни од американски и британски автори, од џез до класичен рок, жанрови со кои тој најмногу сакал да трча. Сепак кога водителот на емисијата го прашал која музика би сакал да му свират на погреб, тој одговорил: “Ниту една. Претпочитам да заминам во тишина.

Инаку, неговите најпознати романи се “Слушај ја песната на ветрот (1979)”, која е екранизирана во 1981, “Флипер” (1973), Заварена земја на чуда и крајот на светот” (1985), “Норвешка шума” (1987) според кој е снимен филм , “Јужно од границата, западно од Сонцето”, “Кафка на брегот” (2002), “Кога ќе падне ноќта” (2004), “1Љ84” (2010), “Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак” (2013).

Неговиот последен роман “Убиство на Комтур” (1. дел), во Хонгконг е забранет за малолетници, додека на возрасните им е дозволено да го купат во специјално пакување. Во своите мемоари, “За што зборувам кога зборувам за трчањето”, Мураками кажува дека, по завршување на колеџот, немал намера да стане писател. Тој водел џез-бар во Токио?!

To top