Живот и Стил

Чоколадно уживање во чаша: Кремаст десерт готов за 10 минути

Чоколадно уживање во чаша: Кремаст десерт готов за 10 минути

Состојки:

250 гр искршени кафени бисквити
600 мл слатка павлака
350 мл млеко
12 лажици стопен путер
1 кесичка чоколаден пудинг
3 лажици шеќер
2 коцки рендано чоколадо

Подготовка:

Бисквитот измешајте го со растопениот путер да се соедини. Направете го пудингот според упатството на кесичката. Посебно изматете ја слатката павлака, додадете шеќер и изматете уште малку. На дното од чашите наредете ред чоколаден пудинг, па ред бисквити, ред слатка павлака и сето тоа додека не ги наполните чашите до горе. Украсете ги со рендано чоколадо.

извор:курир.мк
фото:shutterstock

To top