Живот и Стил

Чоколадно „цвеќе“ – како подарок за Денот на вљубените

Чоколадно „цвеќе“ – како подарок за Денот на вљубените

Букетот може да вклучува пралини со мирис на роза или бисквити со мирис на љубичица. Цената на „букетите“ се движи од 15 до 30 евра.

Ресторан во Тулуз, Франција, во пресрет на Денот на вљубените на 14 февруари, понуди необичен и доста уникатен подарок – „цвеќиња“ направени од слатки, објавуваат тамошните медиуми.

Купувачите и нарачателите можат да изберат „букети“ според нивниот вкус – бонбони во облик на цвеќиња од чоколадо, ванила или лимон со мали колачи во разни бои… Или пак, познатата торта „Мадлен“, овековечена од писателот Марсел Пруст, со вкус на лимон или портокал.

Букетот може да вклучува пралини со мирис на роза или бисквити со мирис на љубичица. Цената на „букетите“ се движи од 15 до 30 евра. (МИА)

фото:Freepik

To top