Живот и Стил

Чоколадна торта од само 2 состојки: Најлесниот рецепт за сочен десерт

Чоколадна торта од само 2 состојки: Најлесниот рецепт за сочен десерт

За да направите вкусен десерт, потребни ви се само две состојки. Тоа го потврдува и рецептот за оваа торта со чоколадо и јајца.

Оваа чоколадна торта е тенка, но исклучително сочна. Ќе ги воодушеви сите љубители на едноставни рецепти кои не можат да одолеат на чоколадото.

Состојки:

260 гр квалитетна чоколада
4 јајца

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 Целзиусови степени. Подгответе калап за торта со дијаметар од 16 сантиметри, намачкајте го внатре или обложете го со хартија за печење. Калапот ставете го на страна.

Растопете го чоколадото. Ќе ви биде полесно ако чоколадните коцки ги исечкате на помали парчиња. Чоколадото можете да го стопите на пареа или во микробранова печка.

Внимателно одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките додека не се стегнат.

Кога чоколадото малку ќе се олади, во него измешајте ги жолчките. Брзо мешајте додека состојките не се соединат.
Третина од снегот внимателно измешајте ја во чоколадниот крем. Постапката повторете ја додека не ги измешате сите состојки.

Добиената смеса истурете ја во подготвениот калап и печете во загреана рерна 22 до 28 минути или додека не се испече.
Оставете го колачот целосно да се излади пред да го исечете и послужите.

Добар апетит!

извор:курир.мк