Живот и Стил

Чоколадна торта готова за 15 минути

Чоколадна торта готова за 15 минути

Еве рецепт за брза чоколадна торта!

СОСТОЈКИ:
30 гр какао во прав
90 гр брашно
малку сол
1/2 лажичка прашок за печиво
20 гр шеќер
6 лажички кокосово или билно масло
80 мл млеко по избор (оризово, кравјо, бадемово)
1/2 лажичка екстракт од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги и течните и добро измешајте. Смесата ставете ја во помал калап за торта и печете околу 14 минути во рерна загреана на 170 степени. Декорирајте со чоколадна глазура по желба.

Уживајте!

извор:готви.мк

To top