Одлична комбинација, која мора да ја пробате, а се подготвува многу брзо и едноставно.
Состојки:
- неколку урми
- по потреба таан
- 100 гр чоколадо
- 3 лажици масло
Доколку урмите се со семка се засекуваат по должина од едната страна, се вади семката, се полнат со таан, се затвораат и се прелеваат со чоколадо (растопено на пареа, со 3 лажици масло). Се чека да се стегне чоколадото, па уште еднаш се прелеваат за да се добие подебел слој на чоколадо.
Извор: Моирецепти.мк