Јагодите и чизкејкот се совршен пар. Ви носиме вкусен рецепт за чизкејк од јагоди без печење, а доколку имате добар блендер, можете да го подготвите за само 15 минути.
Состојки за основата:
200 грама чајни бисквити
100 грама стопен путер
2 лажици шеќер
Состојки за кремот:
450 грама крем сирење
200 грама свежи јагоди
200 грама шлаг
150 грама шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Сомелете ги чајните бисквити во прав, измешајте ги со шеќер и стопен путер. Добиената смеса притиснете ја во кружен плех. Ставете го во фрижидер да се стегне околу еден час.
Изматете го кремот во шлагот.
Направете го филот во добар блендер, ставете тенко исечени јагоди, намаз од сирење, шеќер и екстракт од ванила.
Рачно изматете го шлагот во остатокот од филот и прелијте врз изладената бисквитна подлога.
Ставете го преку ноќ да се стегне во фрижидер.
Послужете со свежо сечкани јагоди.
Добар апетит!
извор:курир.мк