Живот и Стил

Чистач на чевли 30 години ги собирал парите од бакшиш, донирал 200 илјади долари за болни дечиња

Чистач на чевли 30 години ги собирал парите од бакшиш, донирал 200 илјади долари за болни дечиња

Добродушноста на Алберт Лекси ќе ви го згрее срцето. Приказната за овој чистач на чевли го освои светот и инспирира илјадници лица да им подадат рака на оние на кои им е потребна помош.

Имено, Лекси 30 години ги штедел парите од бакшиш, а потоа ги донирал собраните 200.000 долари за лекување на болни дечиња.

Алберт Лекси

Хуманиот маж секое утро во вторник и четврток патувал со три автобуси за да стигне до детската болница во Питсбург, каде чистел чевли за 3 долари. Тој користел кутија со алатки која ја изработил во школо кога имал 15 години.

Лекси заработувал само 10.000 долари годишно од овој ангажман, но сепак, бакшишот го тргал настрана за да собере поголема сума со која би им помогнал на мали пациенти.

Средствата тој ги донирал во 2013 година за деца кои немаат здравствено осигурување, за сите пациенти, без исклучок, да можат да ја добијат медицинската помош која им е потребна. „Само сакам да ги видам децата како оздравуваат“ – изјавил тој.

Алберт Лекси

Алберт Лекси

Алберт Лекси

Алберт Лекси

Алберт почина минатата недела на 76-годишна возраст, но неговата добродушност ќе продолжи да инспирира и поттикнува големи хумани дела.

„Тој е совршен пример за тоа како мали поединечни добри дела можат да влијаат врз милиони луѓе“ – изјавил директорот на болницата.

Алберт Лекси

Алберт Лекси

To top