Радио Милева распеана муабетџика

Чии гени носи малата Илина, на Сара или Димитар: Пејачка на мама или водителка на тато? (ФОТО)

Чии гени носи малата Илина, на Сара или Димитар: Пејачка на мама или водителка на тато? (ФОТО)

Водителот Димитар Атанасовски и неговата сопруга, харфистката и пејачка Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс, минатата  година станаа родители. Нивното прво дете, ќеркичката Илина оттогаш е центарот на светот во нивниот дом и надвор од него… Или поточно, во нивните животи.

Работата и професијата колку да им е важна и неопходна, сепак приоритет на тронот има малата принцеза. Бидејќи Сара и  Диме не се од оние личности кои приватноста ја кријат како „змија нозе“, а од „медиумите бегаат како „ѓавол од крст“, не ретко нивните домашни случки ги преочуваат во шеговити преписки, фотографии, видеа, кои ги споделуваат со пријателите и сите останати на социјалните мрежи.

Малата Илина полека почнува да го осознава светот, а на тато и мама очигледно уште отсега им се брза да дознаат чии гени повеќе во себе носи малата Илина? На Сара или на Димитар?

Секоја недоумица или дилема може да се провери, па така двајцата родители тргнаа во  проверка, дали нивната ќерка е брзозборка или има уметничка душа?

Мама Сара легната на креветот крај својата ќеркичка и запеа, обидувајќи се да слушне дали малата убавица ќе повтори некое делче од нејзината песна. Прво мам, па Илина, па повторно мама, па пак Илина… се до констатцијата, дека тоа е тоа: „Пејачка мајкина“! Така барем напиша пејачката на фотографиите од нејзините Инстаграм приказни.

На тоа не остана должен ни тато Диме. Прва прилика, правец „Сити радио“, па влезе в студио, седна на водителското столче, Илина в скут и… татко и ќерка зад радиомикрофонот. Новата радиоѕвезда е родена! „Водителка да бидам“ – возврати Димитар на Инстаграм.

Пејачка или водителка, прашање е сега? Само што одговорот сега нема да го добијат ниту тие, ниту ние. Зашто премногу е рано за прогнози, иако велат денот по утрото се познава. Ама кој да знае, можеби малата Илина сите ќе ги изненади со нешто сосема трето?

 

 

 

To top