“New York Times” објави студија која што е посветена на жените и на нивниот полов орган потточно станува збор за мирисот на вагината.
Додека мажите се грижат само за големината на пенисот, жените мора да се грижат и за мирисот на нивната вагина – стои во студијата објавена во New York Times.
Д-р Ванеса Калинг изјавила дека секоја жена има природен мирис.
Според нејзиното искуство многу жени мирисот на здрава вагина ќе го опишат како мирис на мошус. Сепак има некои мириси на вагината кои што доколку ги почувствувате тоа значи дека треба да преземете некои мерки.
Мирис на риба
Доколку чувствувате мирис на риба, можно е да имате Бактериска вагиноза која што се лечи исклучиво со антибиотици, а Д-р Ванеса Калинг за ова изјавува:
– Постојат различни видови на бактерии кои се создаваат во вагината. Таквите бактерии се нормална појава и ја оддржуваат вагината здава. Бактериската вагиноза настанува поради нарушен баланс на различните бактерии. Понекогаш бактериската вагиноза нема симптоми, а понекогаш предизвикува симптоми како што се густ исцедок или пак мирис на риба.
Мирис на пиво
Доколку чувствувате мирис на пиво кој што доаѓа од Вашаа вагина, дефинитивно станува збор за габична инфекција која најчесто се лечи со помош на масти против габички (канестен, антифунгал, нистатин).
– Габични инфекции се должат на прекумерниот раст на кандида. Повеќето луѓе имаат габи во устата и цревата. Здравите жени имаат габи во вагината, но понекогаш бројот се зголемува и предизвикува инфекција. – изјавува Д-р Калинг.
Мирис на кисело
Доколку почувствувате мирис на кисело од Вашата вагина тогаш најверојатно станува збор за Трихомонијаза, која што се лечи со помош на антибиотици.
– Трихомонијазата е една од најчестите причини за вагинитис, а причината за инфекција е протозои Trichomonas vaginalis – микроскопски видлив единствен организам кој се пренесува при сексуални односи. – изјавува Д-р Келинг.
Мирис на скапано месо
Доколку почувствувате мирис на скапано месо од Вашата вагина тогаш најверојатно станува збор за заборавен тампон или делови од распадната улошка. Штом осетите ваков мирис Д-р Келинг препорачува веднаш да посетите гинеколог.
– Доколку дојде до ова, а се случува често мирисот на вагината ќе биде јак и ќе се чувствува. Можна е понатамошна терапија поради појава на сепса.
извор:скопје24