Од диета до вежбање, во продолжение ќе дознаете се што ви препорачуваат експертите за секогаш да имате рамен стомак.
Јадете „добри“ јаглехидрати
Јаглехидратите можат да ви помогнат, доколку се во форма на интегрални житарки. Слободно можете да консумирате 5 порции дневно (една порција е еднаква на едно парче леб од цело зрно или 1/2 чаша варен кафеав ориз). „Оние кои јаделе цели зрна изгубиле повеќе стомачни масти од оние кои едноставно ги намалувале калориите и јаделе рафинирани јаглехидрати“, се вели во студијата во Американското списание за клиничка исхрана.
Пијте доволно вода
Ако не пиете доволно вода, храната побавно се движи низ цревата – особено ако консумирате многу влакна. И следствено, запек може да направи стомакот да изгледа поголем. За да го олесните движењето на дебелото црево, пијте најмалку 8 чаши вода дневно.
Масажа
Користете лосион со кофеин (се наоѓа во многу антицелулитни производи) за затегнување и измазнување на кожата на стомакот. Со дневна масажа ќе останете фокусирани на вашата цел да имате рамен стомак што е можно поскоро.
Забрзајте го вашиот метаболизам
Вежбањето на мускулите согорува калории, но мастите често остануваат акумулирани на стомакот. Вежбајте со тегови двапати неделно за да го тонирате целото тело – што е дефинитивно добро и за вашиот стомак. Жените кои вежбале сила изгубиле повеќе сало од стомакот од оние кои само правеле кардио, покажало истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија.
извор:курир.мк