Живот и Стил

Четири симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б12: Телото испраќа јасни сигнали

Четири симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Б12: Телото испраќа јасни сигнали

Витамините и минералите се многу важни за здравјето и урамнотеженото функционирање на организмот. Со оглед на брзото темпо на живот и зголемената употреба на брза храна, поверојатно е дека на нашиот организам ќе му недостигаат одредени количини на витамин доколку не го замениме на друг начин.

Недостатокот на витамин Б12 во организмот може да доведе до благи, но и појава на многу изразени симптоми кои го спречуваат нормалното секојдневно функционирање.

Вртоглавица
Истражувањата покажаа дека луѓето кои се жалат на силна вртоглавица имаат и до 40 отсто пониско ниво на витамин Б12 во споредба со здравите луѓе. Луѓето со недостаток на витамин Б12 се исто така посклони кон депресивно расположение. Доколку ги забележите овие симптоми, консултирајте се со вашиот лекар за да утврдите дали навистина се работи за недостаток на овој важен и неопходен витамин за организмот.

Умор

Заморот е еден од првите знаци на недостаток на витамин Б12. Заморот се јавува затоа што телото се потпира на витамин за да создаде црвени крвни зрнца кои носат кислород до органите. Без доволно кислород во вашите клетки, ќе се чувствувате уморни без разлика колку долго спиете.

Бледо лице

Лицето открива многу за здравјето, од навики во исхраната до начин на живот. Ако вашиот розов тен го заменил жолтиот тон, веројатно се работи за недостаток на витамин Б12.

Заборавате

Ако во последно време сте заборавиле каде сте ги оставиле клучевите или не знаете што да барате во кујната – не грижете се, тоа не е симптом на рана деменција, туку веројатно е последица на недостаток на витамин Б12.

Препорачливо е да се даде крв за анализа, доколку се открие недостаток на овој витамин, во исхраната додадете храна богата со витамин Б12 и наскоро симптомите ќе почнат да исчезнуваат.

извор: курир.мк

To top