Видеото од петгодишно девојче кое гали речиси четири метри долг питон ја згрози јавноста. Ед Таока објави на Фејсбук снимка од својата ќеркичка како си игра со неговиот питон Сони и Шер.
На снимката се гледа огромен жолт питон кој јури кон девојчето, а во еден момент се подигна, по што девојчето само го погали.
-Горд сум на двајцата, напиша Ед за видеото и предизвика бројни реакции.
-Каква будала, Овој татко е идиот, што би направил да се случеше нешто лошо? Се само некои од коментарите со кои ја осудија снимката.