Помошниот судија Милан Шефар се појави пијан на фудбалски меч во Чешка и откако изгуби рамнотежа на теренот стана хит на социјалните мрежи.
Публиката го сними неговиот пад, а тамошниот фудбалски сојуз веднаш го суспендира.
„Сметаме дека однесувањето на судијата е неприфатливо и жестоко ги казнуваме таквите испади“, порачаа оттаму.
Шефар два пати падна покрај аут-линијата па организаторите на натпреварот реагираа кај главниот судија Томас Брозек. Меѓутоа, Брозек го остави на позицијата до крајот на мечот, а по натпреварот се огласи и шефот на судии во млади категории, Марек Шпидра.
„Судијата беше пијан, неговото непримерно однесување е очигледно“, стои во записникот.
Utkání dorostu mezi Berounem a Slaným… pic.twitter.com/IOJnAXsFaZ
— Sportovní Hlášky (@SportovniHlasky) 22. септембар 2019.
иѕвор: кајгана