Испукните пети покажуваат дека не се грижиме доволно за кожата на нашите стапала, а ладниот и сув воздух во зима уште повеќе ја влошуваат состојбата. За да се погрижиме за овој проблем, не е секогаш задолжително да посетуваме спа третмани.
Сувите и испукани пети можат да се третираат успешно и со процедура во домашни услови, која вклучува морска сол. Солта не само што ги отстранува мртвите клетки и ја омекнува кожата, но и го намалува ризикот од инфекции и иритации. За таа цел треба да ги следите овие неколку чекори …
1. Во сад ставете топла вода, кон која ќе додадете морска сол. Нозете потопете ги во неа 10 минути.
2. Со помош на камен за пети истријте ја погодената област, за да се отстрани мртвата кожа.
3.Оставете ги нозете во водата уште 15 минути, а потоа исушете ги со мека и сува крпа.
4. На крај на стапалата ставете хидратантен лосион. Препорачливо е откако ќе ја завршите постапката да облечете чорапи. На овој начин кожата на нозете останува хидрирана. За поголем ефект правете ја оваа постапка два пати неделно.