Живот и Стил

Чај за намалување на апетитот: Консумирајте го наместо вечера и нема да чувствувате глад

Чај за намалување на апетитот: Консумирајте го наместо вечера и нема да чувствувате глад

Ако овој чај го консумирате навечер, ќе заспиете со чувство на ситост дури и ако ништо не сте вечерале. Затоа, со право овој чај се нарекува дар за сите љубители на здравата храна.

Сите состојки на овој чај се природни, а главната карактеристика му е тоа што го намалува апетитот.

Потребни состојки:
– половина литар вода

– 1 лажичка рендан ѓумбир

– 2 листови од ловор

– половина лажичка семе од ким

– половина лажичка цимет

Помешајте ги сите состојки, освен циметот, и варете околу половина час. Тргнете го садот од оган, додајте го циметот и оставете 5 минути да се излади. Процедете и пијте.

Препорака: сварете половина или цел литар чај одеднаш, а потоа подгревајте го кога ќе сакате да го консумирате.

Вкусот на чајот зависи од количината на состојки кои ќе ги додадете. Циметот му дава арома на чајот така што доколку го сакате неговиот вкус, слободно додајте повеќе цимет.

извор:точка.ком.мк

To top