Ѓумбирот е една од најдобрите состојки кои можеме да ги користиме во исхраната поради многуте бенефити за нашиот организам и здравје.
Тој е одличен за намалување на проблемите со варењето, главоболките и мачнините, но и за губење на килограмите. Сепак, во текот на есента и зимата највеќе го препорачуваме поради тоа што го чува имунитетот и штити од грип и настинки.
Воедно, помога за регулација на шеќерот во крвта, го намалува холестеролот и го регенерира црниот дроб.
Потребни состојки:
Корен од ѓумбир (излупен и исецкан на парчиња)
250 мл вода
Мед (за подобар вкус)
Начин на подготовка:
Загрејте ја водата до температура на вриење, но не дозволувајте да преврие. Додадете го ѓумбирот и оставете да отстои околу 5 минути. Додадете мед по желба.
Пијте го овој чај топол.
Извор: Курир.мк