Небото над Лас Вегас вчера беше осветлено од светлечки дронови кои што направија вистинско шоу над популарната фонтана пред хотелот „Белаџио“.
Светлечкото шоу со синхронизираните дронови е направено по повод одржувањето на најголемиот саем за потрошувачка електроника – “CES” во Лас Вегас каде што деновиве се вперени очите на целиот технолошки свет.
Дроновите наречени “The Shoting Stars” биле програмирани за да летаат без да се судрат и да направат синхронизирано летечко шоу.
Светлечкото шоу било организирано од компанијата Intel од каде што соопштија дека биле ангажирани 250 дронови кои што синхронизирано ја менувале траекторијата и боите, а најинтересно е тоа што со нив управувало само едно лице.
Дроновите биле специјално изработени од пластика и пена, им биле вградени ЛЕД светла и поседувале исклучително добар GPS и други сензори.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=74&v=zxymra0Dppk