Пејачките Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ важат за дами со стил кои секогаш знаат да се облечат и да изгледаат модерно, па не е ни чудно што некогаш знаат да се облечат во исти или слични комбинации. Тоа се случи и овој пат.
Имено, вчера на 21 февруари, Цеца на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во комбинација која потсетуваа на комбинацијата која Јелена Карлеуша ја носеше во 2018 година.
Ражнатовиќ се појави во црвен фустан со долги ракави и длабоко деколте, а на главата имаше баретка во иста боја како и фустанот.
Од друга страна, во 2018 година, Јелена имаше речиси ист стајлинг кога се појави на судење со Цеца. Во таа прилика, Карлеуша носеше црвен фустан залепен за нејзиното тело, а на главата исто така имаше црвена баретка.
Фановите веднаш ги забележаа сличните стајлинзи на пејачките, па на социјалните мрежи веднаш започна дебата на која подобро и стои.
Инаку, не е првпат Цеца и Јелена да се облечат во исто.
фото: Никола Томиќ/ата имагес