Почетокот на месец мај во нормални услови е перид кога средношколците од завршните години ги прославуваат своите матурски вечери. за жал, годинава нема да биде така, па балканската фолк дива листајќи по спомените е присети на времето кога таа беше матурант.
Светлана Цеца Ражнатовиќ направи вистински метеж на својот Инстаграм профил во една прилика откако објави фотографија сега веќе стара 29 години. Во мини розово фустанче со балон ракави, пејачката блескала на својата матура, а во тоа сигурно припомогнале и детали во вид на нејзиниот златен накит.
За контраст, матурантката Цеца избрала црвен лак за нокти и целосно ја залижала косата. Ваквата комбинација и денес би била тренди.
„Сеќавања, 1991 година“, ја опишала фотографијатаЦеца, предизвикувајќи лавина од коментари.
Инаку, таа беше „на пат кон sвездите“ дури и во овој период, кога ја славеше својата матура.