Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе шест месеци е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а сега ги сумираше впечатоците.
-Гледачите немаат прилика да видат сè бидејќи зад саботната емисија има многу работа со кандидатите во студиото каде што работиме со нив. Мене многу ми помага Ивана Петерс. Што се однесува до емисиите, се трудам да бидам реална во коментарите, кандидатите да не си заминат бесни и тажни. Пред сè бидејќи се на почетокот на кариерата и не е поентата да бидат несреќни кога ќе им се покажат грешките, туку да ги корегираат.
Што е најлесно, а што е најтешко во работата со кандидатите?
-Понекогаш најтешко е да се одбере вистинската песна, а некогаш недостатокот на времето. Сакам да се посветам на кандидатите и да го дадам својот максимум.
Што е потребно некој да биде ѕвезда?
-Има многу фактори. Сведоци сме дека во последните години на нашите простори не се појави ниту една голема ѕвезда. За да бидете ѕвезда мора да се поклопат многу работи, да биде одличен пејач, изгледот, харизмата, ставот и многу други работи. Секако, потребно е да се вложи многу труд за да некој биде ѕвезда. Бог ќе ви ја даде талент, на вас е дали ќе ја развиете или не.
На јавноста и се забавни вашите кавги со Босанац, но изгледа со Мили навистина имате конфликт. Во какви сте односи кога ќе се исклучат камерите и дали некогаш навистина се нервирате заради некој коментар на жирито?
-Максимално се борам за моите кандидати. Не сакам кога нема да добијат глас, а посебно кога јасно не им се покаже и докаже каде погрешиле. Лесно е да се зборува дека ова или она не било добро, но покажи ни на нас кои наводно не знаеме, да те слушнеме тебе кој правилно работиш. Со Мили не комуницам кога ќе се исклучат камерите.
Кога вашата ќерка Анастасија би се појавила на сцената како кандидат што ќе ја пофалите, а што ќе и забележите?
-Мислам дека ќе бидам строга, како и во студио кога ги снема песните. Тогаш од неа барам да го извлече својот максимум.
Инаку, оваа сезона Ражнатовиќ дојде во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ на местото на Јелена Карлеуша.
фото: Инстаграм/cecaraznatovic