Роберт Спаценцоски, музичар и сопруг на пејачката Антониа Гиговска, го прослави својот роденден.
Младата пејачката по тој повод на кратките приказни на социјалната мрежа Инстаграм јавно му честиташе:
„Среќен роденден буцко мој“ – стоеше во описот на роденденската фотографија.
Антониа во оваа прилика покажа нови заеднички моменти со сопругот додека позираа некаде во природа, каде веројатно како тазе родители решиле да го остават бебето на бабите и дедовските и да си дадат простор за себе и тоа роденденски.
Со фотографијата пејачката ги воодушеви нејзините следбеници кои им посакуваат засекогаш да останат среќни и заљубени.
Да потсетиме, Гиговска од минатата година официјално е во брак со музичарот и колега од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцоски. А таа и нејзината посилна половина на 14 јули годинава станаа родители за прв пат. Пејачката на свет донесе здраво машко бебе кое заедно со сопругот го крстија Киан.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска