Си бил еден мудрец и дошол еден од неговите ученици и го прашал за значењето на Жената.
Ова бил неговиот одговор:
„Таа е како површината на стаклото, проѕирна такашто можеш да ја видиш нејзината внатрешност.
Колку понежно ја бришеш, толку повеќе ќе сјае.
Можеш да го видиш својот одраз во неа, како во себе да чува слика од тебе.
Ако некогаш ја скршиш, ќе ти биде тешко да ги склопиш скршените парчиња.
Иако си ги собрал сите парчиња, нема да можеш да ги составиш за да бидат како претходно.
Ќе остане нагрдено. Секојпат кога ќе пројдеш со раката таму каде што било скршено, ќе ја повредиш и својата рака.“
Извор: Курир.мк