Покрај топлиот капут кој е задолжителен деновиве, бундата е уште едно парче облека кое е пожелно во гардеробата во текот на зимата. Дизајнерите годинава беа многу креативни и претставија бунди претежно од еко крзно.
Бундите кои беа популарни во 70-тите и 80-тите беа претежно направени од вистинско крзно и во слични нијанси – бела, кафена или црна. Сепак, годинава крзната доаѓаат во неколку нијанси, а тоа се светли бои како кралско сина, розова, жолта и зелена.
Бундата прекрасно стои со добар пар чизми и добра чанта, може да оди и со фармерки, но и со вечерен фустан. Во секој случај, тоа е добра инвестиција, сметаат модните експерти.
1. Бунда во јоргован боја
Со ефективни обувки, облека, модни додатоци и накит во нијанси на јоргованот, оваа бунда ќе го подигне вашиот стајлинг на повисоко ниво.
2. Бунда која нема конкуренција
Оваа бунда е нешто сосема поинакво од она на што сме навикнати. Дизајнерите и модните дизајнери навистина ја пуштаат фантазијата, па играјќи си со ѕвездите и боите создадоа бунда која остава без здив.
3. Животински принт
Иако многумина мислат дека животинскиот принт е застарен, оваа бунда ќе ве убеди во спротивното. Вистина е дека овој принт не можете да го комбинирате со, на пример, жолта или зелена боја, но во беж или крем облека ќе изгледате како да сте излегле од модната писта.
4. Шарена бунда
Доколку преферирате да носите облека во една боја, тогаш оваа бунда е идеална за вас. Доколку носите црни фармерки и ролка во иста боја, на сцена ќе стапи шарена бунда која ќе внесе малку магија во вашиот стајлинг.
5. Тандем од соништата
Со различни кроеви, должини и бои, овие јакни ќе го комплетираат секој стајлинг, а може да се комбинираат и со елегантни комбинации, но и со спортски.
извор: попара.мк