Ако немате време за комплицирани јадења, подгответе брзи и вкусни пилешки ролни со сланина.
Состојки:
1 кг. пилешки стек
тенки листови сланина
100 гр. кашкавал
5 кисели краставички
босилек
кари зачин
сол, бибер
зејтин
Подготовка:
Стекот исечете го на шницли, исчукајте го со чук за месо. На алуминиумска фолија ставете малку зејтин, сол и бибер и наредете три парчиња сланина, ставете над нив парче стек и зачинете со кари и босилек.
Додадете лист кашкавал и ситно сецкани кисели краставички.
Свиткајте во ролат и замотајте во фолијата на која претходно имате ставено сол, бибер и зејтин.
Во зовриена вода ставете ги фолиите со замотаните ролати околу 10 минути и извадете ги.
Одвиткајте ги и ставете во рерна да поруменат.
Извор: Курир.мк