Ова е еден од оние рецепти кои им успеваат на сите од првиот пат.
СОСТОЈКИ:
1 свежо јајце
200 мл сончогледово масло (20 минути разладено во замрзнувач)
1 рамна лажичка сол
1 лажичка сенф
1 лажица сок од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Многу е важно сите состојки за подготовка да бидат од фрижидер, маслото пожелно е да го изладите во замрзнувач 20 минути.
Во блендер ставете јајце. Додајте снеф, сол, масло и сок од лимон. Блендирајте додека не добиете фина смеса и послужете.
Добар апетит!
извор:готви.мк