Овој ручек е многу вкусен и брзо се подготвува. Нема многу врткање во кујната, нема валкани садови, а би можеле да го јадете секој ден. Сочно, вкусно, брзо, лесно, па дали ви треба нешто повеќе?
Потребни состојки:
250 гр тестенини
400 сос од домати
2 лажици шеќер
200 мл неутрална павлака
50 гр рендан пармезан
200 гр рендан кашкавал
1 лажичка оригано
1 лажичка бел лук во прав
1 лажичка сладок пипер
сол
бибер
Подготовка:
Во длабок сад едноставно додајте ги сите состојки освен тестенините, и измешајте. Редоследот не е толку важен бидејќи секако сето тоа ќе го измешате. Ставете во рерна на 180 степени и печете околу 20 минути.
Додека сосос се потпекува, во тенџере ставете ги тестенините во вода и сварете ги ал денте. За каков вид на тестенини ќе се одлучите, останува на вас. Во случајов, рецептот е со таљатели. Имајте на ум дека за секој вид на тестенини на самото пакување стои колку време треба да се варат за да бидат ал денте. При варењето не треба да ставате масло, додека сол може по избор, иако најдобро е без,
Исцедете ги од водата, сосот извадете го од рерна и додајте ги тестенините во него. Промешајте и одозгора фрлете уште малку кашкавал, како и свеж магдонос. Вратете го во рерна уште десетина минути на 150 степени.
Наш предлог е наместо магдонос да ставите свеж босилок, но откако ќе го извадите јадењето од рерна.
Или следете ги инструкциите на видеото и ќе добиете вкусен ручек: