Доколку сè уште не знаете како да го изненадите вашиот сакан, или сакана, за Денот на вљубените, ви носиме одличен предлог!
Состојки:
– 8 јајца
– 11 лажици брашно
– 1 прашак за пециво
– 1 ванилен шеќер
– 1 дл. млеко
– 0,5 дл. масло
– рендана кора од портокал
За фил:
– 2 пудинга од јагода
– 1 дл. млеко за матење на пудингот
– 500 мл. млеко за варење на пудингот
– половина маргарин
– шлаг
– по желба и 1 лажица екстракт од јагода
Подготовка:
Направете бисквит за тортата, така што ќе ги изматите жолчките и шеќерот, после тоа додадете го маслото и млекото, добро соединете, па додадете го брашното, прашакот за пециво, ванилниот шеќер и ренданата кора од портокал. Кога смесата ќе се соедини додадете ги изматените белки.
Кората печете ја 20 минути на 200 степени во калап во облик на срце.
Кога кората ќе се испече, пресечете ја така што ќе добиете две кори.
Изматете ги двата пудинга од јагода и варете во половина литар млеко. Кога ќе се олади доадете половина маргарин и исфилувајте ја тортата. Изматете го шлагот, во кој може да додадете екстракт од јагода за да добиете црвена боја.
Тортата можете да ја украсите и со цели јагоди или малини, или само со шлаг, како што вам најмногу ви се допаѓа.
Извор: Курир.мк