Живот и Стил

Брз ручек за цело семејство: Рецепт за тестенини со фантастичен сос од тиквички

Брз ручек за цело семејство: Рецепт за тестенини со фантастичен сос од тиквички

Вака подготвените макарони одлично се вклопуваат со некој вид на салата.

Овојпат ќе ви го претставиме овој едноставен рецепт за макарони со сос од тиквички.

Состојки:

– 200 грама кромид;
– околу 700-800 грама тиквички;
– 1 чешне лук;
– 1 домат;
– 500 милилитри павлака за готвење;
– на врвот од лажичката кари;
– на врвот од лажичката оригано;
– сол и бибер по вкус;
– 4 лажици масло за јадење;
– 600 грама тестенини;
– магдонос;
– пармезан или кашкавал;
– босилек.

Подготовка:

Издинстајте го кромидот на масло за јадење, додадете го доматот и крчкајте. Потоа додадете го исечканиот лук, кратко продинстајте и додадете ги изренданите тиквички.

Зачинете и варете сè додека течноста не испари. Потоа додадете неутрална павлака и уште неколку минути оставете сето убаво да крчка.

Измешајте ја смесата со сварените макарони, па сервирајте во чинија.

По желба додадете кашкавал или пармезан, босилек или магдонос.

Ова јадење може да го подготвите и со пилешко месо, а истото да го запечете во рерна.

извор: кармин.точка.мк

To top