Тешко дека некој би одолеал на мини бомбици (ќофтиња) од пилешко месо, а вреди да ги пробаат и оние што се толку искусни во кујна.
Пилешко месо со малку сланина, потопено во сос е идеален ручек, а за уште побогат вкус, може да ги комбинирате со тестенини.
Се што ви е потребно е:
- За бомбици:
1 лажица масло
1 кромид, сечкан на коцки
1 чешне лук, ситно сечкано
300 g пилешко месо (мелено)
малку сланина, сечкана ситно (по желба)
Сол и бибер
1 јајце
1/2Лебни трошки
За сос:
- 1 лажица путер
1 лажица брашно
400 гр хопла за готвење
Рендана кора од 1 лимон
Ставете го маслото во тавче на средно загреана рингла и запржете ги малку кромидот и лукот додека не добијат златеста боја, а потоа тргнете ги од оган.
Во сад, ставете го меленото пилешко, сланината, сол и бибер и мешајте додека не се соедини смесата. Потоа додадете ги кромидот, лукот, јајцето и лебните трошки и соединете ја смесата.
Од смесата обликувајте мали топчиња и ставајте ги во тавче со малку маслинов зејтин. Кога ќе фатат боја, тргнете ги настрана.
Во истото тавче, стопете го путерот, додадете брашно и мешајте додека се растопи. Потоа додадете ја хоплата, лимоновата кора, сол, бибер и гответе додека не стане кремаста смесата.
Додадете ги топчињата, наросете со магдонос и сервирајте ги со тестенини или со друго јадење по желба.