Со мусака никогаш не можете да погрешите.
Доколку ви недостасува идеја за утрешниот ручек, ви предлагаме сочна мусака со сланина.
Вкусот е едноставно неодолив, а кога ќе ја извадите од рерна ќе ја исчистите тавата во рок од 10 минути.
Пробајте и уверете се сами!
Состојки:
300 гр мелено месо
50 гр сува сланина
1 главица кромид
4 чешниња лук
600 гр компири
црвен пипер
мелен бибер, масло, сол
3 јајца
200 гр кисела павлака
200 мл млеко
Подготовка:
Кромидот и сланината исечкајте ги на коцки и пропржете ги. Додадете го месото и пржете го 15 минути. Додадете пиперка, бибер, лук и зачини или сол.
Намастете ја тавата, па половина од компирите исечени на кругови наредете ги на неа. Ставете го месото и покријте го со остатокот од компирите.
Јајцата се матат со павлаката, се додава млекото и се прелива. По желба одозгора може да се додадат рендан кашкавал или листови сланина.
Се пече на 200 степени околу 50 минути додека не порумени. Служете топло.
Погледнете го упатството за подготовка чекор-по-чекор:
извор:popara.mk