Брз и евтин ручек…
СОСТОЈКИ:
600 гр пилешко бело месо
200 гр шампињони
100 мл масло
200 мл павлака за готвење
1 лажица зачин
сол
бибер
2 лажици пармезан
магдонос
1/2 лажица брашно
100 мл вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Месото исечкајте го на коцки и зачинете. Загрејте масло во тава па ставете месо и пропржете го 15 минути. Исечкајте ги шампињоните. Кога месото ќе биде готово извадете го па на маслото пропржете ги и шампињоните, кои ќе ги посолите откако ќе се пропржат.
Кога шампињоните ќе бидат готови, додајте го месото, ставете павлака и вода, бибер и магдонос.
Кога ќе зоврие, разматете брашно во малку вода и додајте во сосот. Измешајте и исклучете го огнот. Оставете уште малку на врела рингла да крчка па на крај, кога крчкањето ќе се смири, додајте пармезан и повторно измешајте.
Додека тоа се готви, згответе тестенини и послужете ги со јадењето.
Добар апетит!