Живот и Стил

Брз и евтин: Чизкејк брауни со неодолив вкус

Брз и евтин: Чизкејк брауни со неодолив вкус

Неодолив колач кој се служи топол…

СОСТОЈКИ:

  • 125 гр путер сечкан на парчиња
  • 150 гр црно чоколадо, сечкано
  • 120 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 80 гр брашно
  • путер за премачкување на калапот
  • 120 крем сирење со благ вкус
  • 65 гр шеќер за чизкејк смеса

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Прво направете ја брауни смесата. Со путер премачкајте подлабок четвртаст калап со големина од 20 см. На пареа заедно растопете путер и чоколадо на умерен оган, повремено мешајќи, па тргнете од оган и додајте шеќер, јајца, ванила и прстофат сол. Измешајте да се соедини. Потоа измешајте брашно, па ставете во подготвениот калап.
  2. Потоа направете ја чизкејк смесата. Со жица измешајте ги состојките за чизкејк смесата (крем сирење и 65 гр шеќер), па ставете преку брауни смесата.
  3. Со нож или шпатула кратко измешајте ги двете смеси, многу кратко, само да се прошараат. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 35 минути, не подолго. Послужете топло или на собна температура.

Извор: Готви.мк

To top