Минијатурните бикини се појавуваат секое лето, но оваа сезона нивната популарност е зголемена.
Меѓу бројните ултра-секси модели, еден се издвои пред се’ поради бурните реакции на јавноста, бидејќи повеќе открива отколку што сокрива.
Костимот за капење е на американскиот бренд Фешн Нова и за многумина е апсолутно најбезобразниот кој ќе го видите летово.
Бикинито е со сина боја, а горниот дел има класична форма на триаголник. Но, вистинскиот шок го предизвикува долниот дел, кој е многу тесен. Има украс во форма на пеперутка од циркони.
Корисниците на Инстаграм коментираат дали воопшто има смисла носењето на бикинито, ако тое изгледа вака?
Повеќе лиќи на декорација за да ја комплетира убавината отколку на покритие за интимата!