Живот и Стил

Брутално добар тост: Трик состојка за совршениот тостиран сендвич со кашкавал

Брутално добар тост: Трик состојка за совршениот тостиран сендвич со кашкавал

Кимчи е корејско јадење направено од ферментирана кинеска зелка и друг зеленчук во маринада базирана на корејска паста од гочујанг чили или гочугару чили во прав. Се карактеризира со совршено избалансирана количина на слатки, кисели и топли вкусови.

Во Кореја се јаде кимчи – со се. Се додава во супи, палачинки, печени компири и тестенини. Одличен е и како прилог за јадења со месо и риба. Кај нас можете да го направите сами со зачини кои се продаваат во специјализираните маркети или да го нарачате преку Интернет.

Кимчи, исто така, ќе биде одличен додаток на тост со сирење. Можете да користите различни видови сирења кои се топат на сендвич – од блага моцарела до гауда до зрел чедар.

Мајонезот ќе му даде на лебот посебна крцкавост. Намачкајте го на кришките леб наместо путер и уживајте.

Состојки:

60 гр рендан кашкавал по желба
40 гр исцедено кимчи
2 парчиња леб
1 лажица мајонез
1 лажица путер

Подготовка:

Во голема тава растопете една лажица путер и во неа запржете го кимчито. Пржете го само неколку минути за да се загрее.

Направете место во тавата за лебот подалеку од кимчи. Надворешната страна на лебот премачкајте ја со мајонез и ставете ја на загреана тава.

На двете кришки леб ставете рендано сирење, намалете ја температурата на ниско и печете околу пет до седум минути додека да се растопи кашкавалот.

Загреаното кимчи префрлете го на едната кришка леб и преклопете со другата. Испечениот сендвич притиснете го со шпатула и оставете го термички да се обработи до крај, односно додека двете страни не добијат убава златно-кафеава боја.

Послужете веднаш.

Добар апетит!

Извор: Курир.мк

To top