Радио Милева потиштена

Бритни Спирс вознемирена среде ноќ: Пејачката по веста за разводот се појави без градник во проѕирен џемпер (фото)

Бритни Спирс вознемирена среде ноќ: Пејачката по веста за разводот се појави без градник во проѕирен џемпер  (фото)

Познатата пејачка Бритни Спирс за прв пат е видена во јавноста по неодамнешната вест дека се разведува од Сем Асгари. Музичката ѕвезда е фотографирана на полноќ во Калифорнија.

Веста дека нејзиниот брак е завршен само 14 месеци по венчавката изненади многумина и покрај шпекулациите дека нејзината врска со Сем Асгари е полна со проблеми, па дури и дека тој манипулирал со тоа дека ќе објави сѐна социјалните мрежи.

Бритни Спирс била забележана како излегува од ресторан за брза храна на полноќ.

Изгледа целосно отсутна, а џемперот „откри“ и повеќе отколку што требаше.

Ова издание е слично на нејзините фотографии на Инстаграм, од кои се изненадија многу нејзини обожаватели пред неколку месеци.

– Долго време бев силна и можеби се изгледа совршено на Инстаграм, но тоа е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа. Би сакала да ги покажам моите емоции и солзи, како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш ги криев моите слабости“, напиша Бритни Спирс на Инстаграм и порача дека ќе се обиде да биде посилна од кога било досега.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top