Живот и Стил

Британец освои 82 милиони евра и веднаш смисли како да ги потроши (видео)

Британец освои 82 милиони евра и веднаш смисли како да ги потроши (видео)

Првата работа која ја направил 58-годишниот Ејд Гудчајлд откако освоил 82 милиони евра на лотарија била – отказ во фабриката за метал во која што работел 24 години.

Гудчајлд, кој богатството го освоил на меѓународната лотарија „Еуромилион“, на конференцијата за медиумите изјави дека сега сака да купи голема куќа со базен и да патува низ светот. Тој исто така на новинарите на „Дејли Стар“ им рекол дека добар дел од парите ќе ги потроши на „жени и вино“.

Новиот милионер не бил оженет, а сега мисли дека можеби на жените ќе им стане попривлечен поради подебелиот паричник. Тој зад себе има два бракови, а неговите поранешни жени различно ја доживеале неговата „добивка“. Првата сопруга му рекла дека е многу среќна, а втората дека не сака ниту пени од него.

Лото ливчето го купил во локална продавница во англискиот град Хирфорд. Иако мислел дека ќе мора да ја подели добивката, Гудчајл всушност станал еден од 15-те добитници на толку висока сума во историјата на европската лотарија. Вели дека не можел да поверува дека освоил толку пари и повеќе пати го проверувал својот телефон.

„Видов дека износот е 82 милиони евра, а потоа сфатив дека јас ги добив парите. Потоа им се јавив на моите пријатели да им кажам. Не можеа да поверуваат, мислам дека тие се уште не се свесни“, изјави Гудчајлд.

Новиот милионер сонува да ги посети пирамидите во Египет и Големиот кањон во САД: „Не сум од оние кои ќе речат дека парите нема да ги променат. Секако дека ќе ме променат. Повеќе нема да работам. Планирам да купам куќа со базен и џакузи. Родителите не мора повеќе да се грижат за мене“, изјави тој.

извор:точка.мк
To top