Живот и Стил

Бремените жени ова мора да го знаат: Колку кафе смеете да пиете?

Бремените жени ова мора да го знаат: Колку кафе смеете да пиете?

За време на бременоста, треба да се обрне внимание на повеќе работи, но особено на она што го внесувате во телото. Ова првенствено се однесува на кофеинот. Тој вообичаено се наоѓа во црниот или зелен чај, во кафето, газираните и некои енергетски пијалаци, чоколадото… Како стимуланс што нѐ држи будни.

Но, кофеинот го зголемува и крвниот притисок и отчукувањата на срцето, како и количината на урина што ја произведува телото. Може да предизвика и нервоза, проблеми со варењето или со спиењето. Кофеинот во бременоста минува и низ плацентата до бебето.

Затоа, стручњаците советуваат бремените жени да не консумираат повеќе од 200 милиграми кофеин дневно. Зголемувањето на таа количина, како што пишува „Марч оф дајмс“, може да предизвика спонтан абортус, предвремено породување или губење на тежината кај новороденчето.

Важно е да се нагласи дека 200 милиграми кофеин се содржани во две шолји кафе.

извор:курир.мк

To top