Режисерот Роман Полански ја освои наградата Француски Цезар за режија на филмот „Обвинувам“. Откако беше прочитано неговото име дека е добитник, една револтирана актерка како и водителката ја напушти салата со зборовите:
„Браво, педофилу. Оддавањето вакво признание е плукање в лице на жртвите. Ова значи дека силувањето на жени не е воопшто лошо?“
Церемонијата на доделување на наградите се одржа во Париз, на кое му претходеа протести од страна на Здружението за права на жените, откако беше објавено дека филмот кој Полански го режираше е номиниран во 12 категории. Да потсетиме дека откако режисерот беше осуден од американското судство за силување малолетничка, а издржувањето на казната го избегна бегајќи во Франција во 1977 година.
A l’annonce du César de la Meilleure Réalisation pour Roman Polanski (“J’accuse”), Adèle Haenel quitte la salle.
Le meilleur des #César2020 > https://t.co/ipnVwouBeV pic.twitter.com/7xa0CTbU3H
— CANAL+ (@canalplus) February 28, 2020