Не постои ништо пострашно што може да ги скара двајца браќа од жена. Токму тоа се случи со познатиот црногорски пејач Бојан Маровиќ, и неговиот брат, исто така познат фудбалер Борис, кој, како што дознаваме, започна афера со поранешната девојка на неговиот брат.
И сето тоа ќе беше навистина бизарно и чудно, да не е дел од сценариото за видеото што ја придружува новата песна на Бојан, во која главната улога покрај пејачот ја има и брат му Борис, кој ја сака поранешната девојка на Бојан.
„На новата песна “Како да си тука” работевме долго и искрено се надевам дека луѓето ќе ја засакаат и прифатат“ – изјави Бојан при неговата минатонеделна посета на Скопје заради завршната реализација на спотот.
Оваа песна е голем камбек, на миленикот на девојките, Бојан Маровиќ, кој извесно време се повлече од музичката сцена од лични причини. Песната е негово авторско дело кога се музиката и стиховите во прашање, додека аранжманот го направил Страхиња Ѓуриќ, а песната е снимана во студиото на познатиот продуцент и гитарист Душан Алагиќ во Белград.
Видеото пак, го изработи „Генерал продукција“ на нашиот режисер и уметнички фотограф Дарио Јанковиќ кој и ја потпишува режијата, додека монтажата е на Елвис Дурмишовски.
Во видеото кое снимено на падините на Златибор, покрај Бојан и неговиот брат Борис, главната женска улога ја има преубавиот модел Нина Јовановиќ, а во спотот се појавува и песот на браќата Маровиќ, питбулот Перла.
Како сето ова изгледа и звучи, проследете во продолжение.