Сања Кужет ужива во бракот со Немања Живојиновиќ, со кој го има синот Страхиња. Убавата водителка го одвои деловниот од приватниот, па не се експонира со партнерот, ниту пак сака да зборува за својот интимен живот. Нешто помалку чувана „тајна“ е нејзиниот прв брак со Зоран Пипер, со кој го има и синот Андрија.
Сања и Зоран се венчаа на гламурозна церемонија во еден белградски хотел, а според медиумите една од кумовите била Лепа Брена.
View this post on Instagram
Зоран бил толку вљубен во младата водителка што ја запросил дури по неколку месеци врска. Сепак, нивниот брак траеше само една година, но Сања изјави дека таа и нејзиниот поранешен сопруг се во исклучително добри односи.
– Се забавувавме две години, а потоа се заљубивме, па се венчавме,добивме дете, се разведовме, но сепак останавме во исто друштво… Со Зоран се разделивме по една година брак. Можеби некому ќе му изгледа смешно, но кај нас се функционира беспрекорно, освен што не сме во заедница. Андрија и тој се гледаат, имаат нормален контакт, мораме да функционираме за доброто на детето и сакаме таа комуникација да биде што подобра. Немаше љубоморни сцени, немаше суета – изјави своевремено Сања Кужет.
фото:Инстаграм принтскрин/ Бошко Карановиќ