Некогашната бинго девојка и манекенка, Натали Грубовиќ, својот приватен живот го крие како змија нозете.
Откако се омажи и стана мајка за првпат, Натали некако доби желба да им се врати на социјалните мрежи и пред следбениците да покаже што и се случува во животот.
Иако одамна живее во Србија, познатата Македонка редовно е во Скопје кај своето семејство, а сега откако бебето дојде на свет, веројатно посетите на моминскиот дом станаа почести.
Деновиве за промена објави една заедничка фотографија со сопругот. Освежена, како подмладена и убава како и секогаш. Очигледно мајчинството и бракот и тоа како и годат на оваа наша позната дама.
Инаку, Натали се породи кон крајот на месец септември минатата година, додека во 2016 заплови во брачните води со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац.