Ќерката на фолк пејачката, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ во интервју за Телеграф.рс проговори за нејзините планови за оваа година, за тоа како се прославува Божиќ во нивниот дом, за музичката кариера…
„Многу насмевки, веселби, убава и позитивна енергија. Се чувствува голема љубов и Божиќ ми е еден од омилините празници“ – вели Анастасија.
На прашањето, колку Анастасија се променила откако пропееа:
„Мислам дека не се променив, но можам да кажам дека си ја зголемив самодовербата. Приватно, како личност останав иста. Се гледам како нормална девојка која не се разликува од останатиот свет. Исто така плачем, се смеам, се радувам. Ги сакам сите оние кои ги сакав и пред да издадем песни“ – вели пејачката.
Кога станува збор за песните на нејзината мајка Цеца, Анастасија вели дека постојат многу нејзините песни кои би сакала да ги пее, а една од нив е и „Опрсоти ми сузе“.
Анастасија вели дека момчето не и се меша кога ги бира песните.
„Одлучувам заедно со моите соработници кои најдобро се разбираат во тоа, а исто така и со мајка ми, која знае што е најдобро. Заедно се договараме околу деталите, се додека не го добиеме она што го сакаме. Но, секако сакам да го слушнам и мислењето на партнерот и пријателите кои не се од тој свет, па ми значи кога ќе ја слушнат песната и ќе ми кажат што мислат“ – вели Ражнатовиќ.
Во јануари се навршуваат 24 години од смртта на нејзиниот татко, а младата пејачка открива во кои моменти посакува да е тука и да ја гушне.
„Секој ден во секој момент. Мислам дека не можам да одберем некој момент“, вели Анастасија и ги откри желбите за 2024 година.
„Сакам моите блиски да бидат здрави, среќни, исполнети, весели…Исто така бидам со луѓе кои ги сакам и да бидам сакана. Секако, да направам голем успех во кариерата“ – вели Ражнатовиќ.
фото: Мирко Табашевиќ/телеграф.рс