Живот и Стил

Босилек – уникатен зачин и силен лек

Босилек – уникатен зачин и силен лек

Луѓето многу често се изненадени кога ќе слушнат дека кулинарните билки имаат силни лековити својства. Босилекот е една од најраспространетите билки користени како зачин ширум целиот свет.

Оргиналниот босилек потекнува од Азија и Блискиот Исток, но денес има стотици различни сорти. Сите тие поседуваат уникатни медицински својства.

Босилекот има силно противоспалително дејство, а супстанциите кои ги има во него се идеална алтернатива на медицинскиот канабис, но без невролошки и нус ефекти. Особено ефективен е во борбата со воспаленија на цревата и ревматоиден артрит.

Во традиционалната медицина, различните видови босилек се користат при лечење на многу болести, како на пример диабет, болести на дишните патишта, импотенција, алергии и неплодност. Тоа се должи на специфичната киселина во него која ја подобрува циркулацијата, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го олеснува дишењето.

извор:попара.мк

To top