Радио Милева
честитки и желби...

Борко Ристовски славеше роденден, а најмилите вака му го честитаа: Мама им дојде на гости, синчето дуваше роденденски свеќички, а сопругата… Нина имаше посебна честитка откако останаа сами?! (ФОТО)

Борко Ристовски славеше роденден, а најмилите вака му го честитаа: Мама им дојде на гости, синчето дуваше роденденски свеќички, а сопругата… Нина имаше посебна честитка откако останаа сами?! (ФОТО)

Македонската ракометна легенда, голманот Борко Ристовски славеше роденден. „Министерот за одбрана“ како што го носи прекарот кој му остана, ја раситни 40-ката, навлегувајќи во петаттата деценија на животот. Годините се за тоа да се множат, а како што велат, што повеќе родендени, славиш, толку си нормално, подолговечен.

Кога е во прашање „денот што го чекаме цела година“, кај Борко не се собра баш целата родбина, туку на роденденското славје во семејниот дом му беа само најмилите. На гости им дојде госпоѓа мама, која славеничката трпеза ја сподели со семајството.

А на трпезата за секој роденден најважното е што друго, ако не роденденската торта. Само што овој пат покрај ѕидот украсен со балони, на неа беа свеќичките со бројката години што ги полни славеникот, како и оние другите – сите заедно запалени и подготвени за дување!

Само што овој пат наместо славеникот, свеќичките ги дуваше наследикот.

Борко ги пукна конфетите, па со сопругата Нина и синчето Душан, сите направија заедничко роденденско селфи.

Честитка за раситнетата 40-ка сопругата му  упати и преку социјалните мрежи, па на својот Инстаграм  таа напиша:

„Роденден на сопругот е нешто како Нова година. 40ка звучи и изгледа необично, ама ти си како виното. Ти посакувам остварување на желбите, по некоја и случајно, зошто низ годините увидов дека сам си остваруваш тоа што си замислуваш со верба во себе, со упорност и истрајност. Те сакаме многу“ – споделила Нина на својот Инстаграм профил.

Но тоа е само онаа јавната и официјална честитка. Онаа вистинската веројатно следувала подоцна, кога гостите си заминале, а малиот си легнал да спие… Или барем така тоа изгледало во желбите и имагинацијата на сопругата на славеникот, која истите ги соделила на своите Инстаграм приказни.

Само што „честитката од тој тип“ оддамна е споделена меѓу двајцата брачни партнери, зашто Нина е во подмината бременост и чека да се породи со нивното второ чедо.

До тогаш, среќен роденден „министре за одбрана“!

Останати вести од Радио Милева