Борачката Нина Ансарова и нејзината свршеница, најдобрата ММА боречка на светот, Аманда Нунс, станаа родители, пренесуваат српските медиуми.
Имено, Бразилката Нунс на Инстаграм објави дека нејзината свршеница Нина Ансарова (34) која е од Флорида ,а по потекло е од Струмица, родила ќерка зачната со вештачко оплодување.
Тие се во врска со години, а интересно е што и двете се занимаваат со борење, а Нина која го носи прекарот „Д Стрина“, има десет победи и шест порази во УФЦ.
Таа е Македонка, а последен пат се бореше во јуни минатата година и нејзиниот резултат е 10-6. Очекувано, таа се откажа од ММА борбите кога реши да роди дете.
Нунес пак е еден од најдобрите ММА борци и има скор 20-4, а во моментов држи ремени во категоријата бантам и перолесна категорија.
„Најдоброто чувство на светот“, напишала Аманда покрај фотографијата со бебето кое го доби името Реган.
Тие постојано се активни на социјалната мрежа Инсатграм каде објавуваат заеднички фотографии, а имаше и такви додека Нина беше бремена.