Легендарните „Рибља чорба“, неодамна имаа концерт во „Арена Борис Трајковски“. „Во текот на сите овие долги години постоење, одржаа безброј сјајни концерти низ кои поминаа многу генерации, генерации кои и ден денес се верни на нивниот звук така беше и овој пат. После толку продадени влезници, Бора и пријателите ги донесоа сите хитови во „Арена Борис Трајковски“.
Ако некому му прилега зборот легенда, тогаш тоа со сигурност е Бора Чорба – човекот кој својата рок филозофија веќе со денеции ја спроведува како свој животен стил. Уште од најрана младост предизвикуваше контрадикторни емоции кај публиката и додека едни ја оспоруваа неговата работа, другите уживаа во неговите песни и музика. Во својот богат живот, Бора имаше многу убави, но и тешки моменти, но при секој пад успеваше да покаже дека ништо не може да го сруши.
И после толку време, гитарите звучат исто, а песните останаа запаметени. Долг е патот позади нив, пат со многу победи и порази, но и покрај се „Рибља чорба“ успееа да ја зачуваат својата автентичност. Отсекогаш претставуваа единствен спој на енергии, слобода и добра музика од кои произлегоа песни кои се за сечие време. Фронтменот на култниот бенд Бора, беше гостин во единствениот естраден магазин “Бекстејџ”, а што се тој кажа погледнете во видеото:
фото/video:You Tube printscreen/ Backstage Media