Бојана Стаменов сврте нов лист кога реши да се посвети на своето здравје и да ги изгуби вишокот килограми. За една година ослабела преку 80 килограми и иако на почетокот не и било лесно, таа е презадоволна од новиот начин на живот.
Оттогаш, Бојана почна почесто да се појавува на јавни настани за да ја покаже својата неверојатна трансформација, на која со право е горда.
View this post on Instagram
Таа изгледа фантастично и зрачи со самодоверба. Со овој нов почеток сите се прашуваат кога пејачката ќе влезе во романтична врска и конечно ќе стапне на лудиот камен.
На ова прашање пејачката даде делумен одговор. Таа доста ги изненади своите следбеници на Инстаграм кога објави фотографија од свадба на која беше една од гостите, пишува Hello.
View this post on Instagram
Се чини дека Бојана сакала да го фати бидермаерот на таа церемонија, а со слика рекла дека таа е следната која ќе тргне во потрага по венчаница.
Како што е познато, Бојана моментално не се гледа со никого или барем јавно не кажала дека има партнер. Но, судејќи по оваа објава, Бојана е подготвена да зачекори во брачниот живот. Успешна и полна со самодоверба, сигурно дека тој момент е зад аголот.
фото: Инстаграм принтскрин