Промотер

Бојана, Димитар и Тара се споија во „Лажни светови“ (видео)

Бојана,  Димитар и Тара се споија во „Лажни светови“ (видео)

Вчеравечер во еден скопски ресторан се случи промоцијата на најновата песна и спот на Бојана Скендеровски насловена „Лажни светови“.

Станува збор за балада која е оригинален печат на она што Бојана со години го презентира на македонската музичка сцена и е својствена за нејзиниот музички израз.

Дека несебично е поддржувач на колегите од естрадата,  Бојана докажа со тоа што соработуваше со Александар Тарабунов и Димитар Андоновски кои се потпишуваат како авторски тим.

Па така, музиката и текстот се на Тара, додека аранжманот и мастерингот се дело на Димитар Андоновски, а пак видеото е во реализација на продукцијата на Бојана и нејзиниот сопруг, Скендеровски.

-Вчера ја промовиравме “Лажни светови”Јас сум екипен играч и од се срце му благодарам на мојот тим што учествуваше во создавањето на оваа песна и видео. Благодарам на медиумите кои вчера беа со нас,на сите пријатели кои се радуваат со мене на секој успех…Песната ја има веќе на сите дигитални платформи,и на You tube. Слушнете ја,оставивме парче душа во неа,и ако ви се допаѓа споделете и коментирајте
Ви благодарам и да ја славиме македонската музика.

Преслушајте како звучат здружените сили на Бојана, Тара и Димитар во „Лажни светови“:

фото: Facebook/Bojana Skenderovski

To top