Бојан Маровиќ е некој кој летово го помина повеќе работејќи отколку одморање, а токму тоа го натера да завршиво болница само час и половина пред големиот концерт во Петровац.
На пејачот ненадејно му се слошило и колабирал за време на генералната проба. Неговите колеги музичари брзо реагирале, па пејачот веднаш го однеле во итната медицинска помош.
– Се е во ред. Можев и полошо. Уморен сум, бидејќи ова лето е многу напорно. Речиси постојано сум или на сцена или во кола. Но, сега сум добро. Благодарение на докторите, успеав да го одржам концертот и морам да им се заблагодарам во оваа прилика. Не е ништо страшно, само треба да се одморам, па нема место за грижа и паника – изјавил пејачот.
Со ова пејачот уште еднаш покажа колку е професионалец, бидејќи иако лекарите го советувале да го откаже концертот, тој одбил и се качил на сцената , а многубројната публика која била на концертот таа вечер, не можеланиту да претпостави каква драма се случила со Маровиќ само два часа претходно.
Фото: Принтскрин/Приватна архива